Фрајбург продолжи со добри резултати, дојде до трета победа во четири кола сезонава во Бундеслигата, а вечерва на поплавениот терен во Фрајбург, совладан е „фенерџијата“ Бохум со 1-0.
Стрелец на голот беше Винченцо Грифо, на кого му требаа дури три обиди за да го совлада гостинскиот голман Риман.
Во третата минута од второто полувреме, Грифо изведе пенал, но голманот одбрани и ја одби топката. За среќа на Грифо, топката пак дојде кај него и тој имаше шут од близина, кој голманот истотака кратко го одби. Е, веќе во третиот обид, Грифо ја затресе мрежата.
За Грифо, ова беше 38-ми гол во Бундеслигата, со што го изедначи рекордот на Лука Тони како најефикасен Италијанец во историјата на германското првенство. За разлика од Тони, Грифо е роден во Германија и цел живот игра за германски клубови, но неговите родители се Италијанци и тој реши да игра за италијанската репрезентација.
Погодокот можете да го видите ТУКА.