Пенал во Премиер лигата значи и речиси сигурен гол, сезонава со рекордни 91 отсто реализација

Доминик Калверт Луин од Евертон вечерва даде гол од пенал за својот тим на гостувањето кај Лутон и сега во Премиер лигата сезонава има неверојатни 91 проценти реализација на пеналите.

Овие 91 отсто се рекордна реализација во историјата на најсилната англиска лига.

Низ бројки, сезонава се изведени 98 пенали, од кои 89 биле претворени во гол, а само девет не биле реализирани. Најслаби пеналџии се од Ливерпул, имаат три утки. Најдобри пеналџии се Челзи (11 погодени и само еден утнат), Арсенал (9 голови од 9 обиди) и Њукасл (максимални 8 погодени од 8 изведени)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести