Пеналите одлучија, Реал го освои шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија откако Кралевите беа подобри изведувачи во пенал-рулетот против градскиот ривал Атлетико. Регуларните 90 минути не беа доволни да се реши средбата, а ниту во дополнителните 30 минути не се тресеа мрежите.

И кај двете екипи главни играчи беа голманит Куртоа и Облак, кои со своите бројни интервенции ја држеа неизвесноста во ова финале. Кралевите останаа со играч помалку во последните пет минути од второто полувреме во продолженијата, откако Валверде направи остар старт врз Мората непосредно пред шестнаесетникот на Куртоа, но Атлетико не искористи да постигне гол при игра 11 на 10.

Во пенал-серијата за Реал погодија Карвахал, Родриго, Модриќ и капитенот Рамос, додека Мората и Томас се трагичари за Јорганџиите.

- Оглас -

Најнови вести