Пензиониран англиски репрезентативец „по грешка“ потпиша и сега ќе мора да игра во шпански четвртолигаш

Некогашниот англиски репрезентативец Џулијан Лескот, направи шокантно враќање во фудбалот. Лескот кој сега има 38 години, а пред три години објави дека се повлекува, денеска стана член на шпанскиот четвртолигаш Расинг Мурсија.

Поранешниот дефанзивец се согласил да одигра еден меч за Мурсија, а мислел дека се работи за егзибициски дуел. Договорот е за Лескот да игра за Мурсија во Купот на Шпанија против Леванте во декември. На официјалната страна на Мурсија веќе се пофалија со новото засилување за дуелот против Леванте.

Во богатата кариера, Лескот има играно за Вулверхемптон, Евертон, Манчестер сити, Вест Бромвич Албион, Астон вила, АЕК и Сандерленд. Кариерата официјално ја заврши во 2017 година.

 

- Оглас -

Најнови вести