Антоан Семењо, напаѓачот на Борнмут, е еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата, а покрај интересот на Ливерпул, во трката за него сериозно се вклучи и Манчестер сити.
Според англиските медиуми, Сити ја разгледува можноста во зимскиот преоден рок да ја активира откупната клаузула на Семењо, која изнесува 65 милиони фунти.
Сепак, останува отворено прашањето како Пеп Гвардиола ќе го вклопи Семењо, имајќи предвид дека тимот веќе има голем број напаѓачи на сите позиции. Летото пристигнаа Рајан Шерки и новиот играч од минатата зима, Омар Мармуш, а тука се и Савињо, Жереми Доку и Фил Фоден, што значи дека некој од нив веројатно ќе мора да замине.
Најголеми шанси за заминување има Савињо, кој не успеа да се наметне ниту во новата сезона и летово се поврзуваше со преселба во Тотенхем.

