Пеп не го убедува, но се надева дека Бернардо ќе остане во Сити

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, се надева дека ќе успее да го задржи еден од главните адути во екипата, Бернардо Силва.

Португалскиот офанзивен играч за врска се поврзува со трансфер во Барселона, наводно самиот изразил желба за промена на средината по пет изминати години во дресот на актуелниот англиски првак.

„Би сакал Силва да остане во клубот, но не можам да знам што ќе се случи. Фудбалерите понекогаш имаат желби кои сакаат да си ги остварат, а јас не сум тој што ќе им застане на патот“, истакна Гвардиола во пресрет на премиерниот дуел со Вест хем.

Но, за да се пресели на „Камп ноу“, Бернардо прво ќе мора да почека Барселона да ја реши финансиската ситуација со Френк де Јонг, односно дали ќе успее да го продаде или пак ќе се договорат на намалување на платата.

Сити би барале до 80 милиони евра за Силва, исто колку што Барса планира да добие од евентуална продажба на холандскиот играч за врска.

- Оглас -

Најнови вести