Пеп: Нема опуштање, Ливерпул уште е шампион

Со убеливите 4-1 против Вулверхемптон, Манчестер сити ја оствари 21-вата победа во низа во сите натпреварувања, со која „избега“ на +15 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер јунајтед, меѓутоа Пеп Гвардиола вели дека неговите фудбалери немаат право да се опуштат.

„Вулфси беа опасни додека беше 1-1, но мислам дека заслуживме да ги освоиме трите бода бидејќи игравме доста добро во клучните моменти и ги искористивме шансите. Сепак, не смееме да се опуштиме бидејќи до крајот на шампионатот останаа уште 10 или 11 натпревари. Иако сме на врвот, уште не сме ја завршиле работата, круната и натаму е кај Ливерпул. Распоредот е густ и немаме многу време за одмор, ни следува дербито против Јунајтед, што за нас е нова шанса да направиме џиновски подвиг“, истакна Гвардиола.

Сити има 65 бода по 27 одиграни натпревари, додека Црвените ѓаволи вечерва гостуваат кај Кристал палас, а веќе за в недела е закажано градското дерби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести