Манчестер сити – Лестер (18:30ч, 18-то коло од Премиер лига)
За денес овој дуел е највозбудлив од англиската фудбалска програма. Опасните лисици на Брендан Роџерс гостуваат кај англискиот првак Манчестер сити, ќе биде битка за втората позиција на табелата, каде што засега стои Лестер со четири бода повеќе од Граѓаните.
Гвардиола е подготвен за лов, но ќе има проблем да се соочи со крвожедната хиена Џејми Варди, моментално најдобриот стрелец во првенството со 16 погодоци.
Иако во претходното коло Норвич стави крај на одличната серија на Лестер од седум последователни победи, шампионот од сезоната 2015/16 е решен да направи изненадување на „Етихад“. Иако Сити ги доби последните три дуели против Лестер на домашен терен, Лисиците претходно го освојувале Манчестер, така што знаат како се освојува оваа тврдина.
Предлог тип: ГГ3+ (1.83)
Астон вила – Саутхемптон (16ч, 18-то коло од Премиер лига)
Двете екипи се во идентична ситуација пред денешната пресметка. Астон вила и Саутхемптон имаат по 15 бода, остварени по четири победи, три ремија и 10 порази во досегашниот тек од шампионатот. Вила со подора гол-разлика е пред Светците на 17-тото место, така што евентуална победа на домаќините може да значи подвиг и бегство од црвената зона.
Избраниците на Дин Смит ќе мора доста да се испотат за првата победа во декември, односно да ја прекинат мини-серијат од три порази. Но, она што ги загрижува е учинокот против Саутхемптон на домашен терен. Астон вила последен пат славеше до 2004 година, додека последното гостување на на Свеците на „Вила парк“ го крунисаа со убедлив триумф од 4-2. Време е да се стави крај на таа лоша серија на домашниот тим
Предлог тип: 1 (2.45)
Лајпциг – Аугзбург (15:30ч, 17-то коло од Бундеслига)
Црвените бикови имаат убава прилика со победа да ја завршат полусезоната, односно во вториот дел да влезат како лидери доколку денес го надиграат тимот на Аугзбург. Лајпциг моментално е на делба на првата позиција со Менхенглабах со по 34 бода, а Аугзбург е противник по мерка за екипата на Нагелсман да освои нови бодови и да остане на врвот.
Во рамки од германскиот шампионат, Аугзбург има само една победа против Лајпциг, но „Ред бул арена“ им остана енигма. Лајпциг на домашен терен претрпе само еден пораз сезонава, така и ќе остане и по овој меч.
Предлог тип: 1 & 0-4 (1.92)
Интер – Џенова (18ч, 17-то коло од Серија А)
Вистинска штета ќе биде за македонските љубители на Серија А, како и навивачите на Интер што нема да го видат Горан Пандев како ја гази тревата на „Џузепе Меаца“. Македонскиот капитен е суспендиран за овој меч поради црвен картон, така што не ќе може да се соочи со екипата со која стана европски првак во 2010 година.
Тоа можеби е добра вест за Конте и Нероаѕурите, кои целат на освојување на три бода и да се вратат на чело на табелата пред шампионот Јувентус. Интер ремизираше во последните два меча против Рома и Фиорентина, јасно е колку им е потребен триумф, a според меѓусебните дуели такво нешто може да се очекува.
Интер ги доби последните шест дуели против Џенова на домашен терен во кои прими само еден гол.
Предлог тип: 1 сигурна (2.38)
Монако – Лил (20:45ч, 19-то коло од Лига 1)
Кнезовите пред само четири дена претрпеа тежок пораз од Лил со 0-3 во францускиот Куп, а Данските доги сега сакаат да ги освојат и трите бода на „Луј Втори“. Вицепрвакот е во серија од четири победи, додека Монако не може да воспостави стабилност, но барем е надвор од битката за задржување на прволигашкиот статус.
Победата на Лил беше прва по пауза од 10 години во Монако, па би било пријатно изненадување доколку во помалку од една недела двапати го стори тоа тимот кој го предводи Кристоф Галтие. Иако дел од играчите закпренаа, Жардим уште не може да смета на неколку клучни играчи, но ако се знае дека Кнезовите ги добија последните пет меча на домашен терен, повредите не може да бидат оправдување за лош резултат.
Предлог тип: 1+I & 1+II (1.70)
Манчестер сити – Лестер 1 & ГГ (2.60)
Интер – Џенова 1 & 2-5 (1.90)
ПСЖ – Амиен 1-1 & 2-5 (2.10)