Пеп вели дека тренерот на Алиоски е уникат, еве и зошто (видео)

Пеп Гвардиола во својата тренерска сезона имаше прилика трипати да се сретне со Марсело Бјелса. Како предводник на Барселона, во периодот од 2011 до 2012 година Гвардиола двапати славеше против Бјелса и еднаш издвои реми, „Лудакот“ тогаш беше на клупата на Атлетик Билбао.

Од следната сезона Гвардила повторно ќе има шанса тактички да се надмудрува со еден од идолите, па со пофалби ја честиташе промоцијата на Лидс во Премиер лигата по 16 години пауза.

„Бјелса фантастично ја извршува задачата во Лидс. Лани за малку испуштија да влезат во елитата, оваа сезона покажаа дека имаат карактер и успеаја во мисијата. Премиер лигата ќе добие на квалитет со доаѓањето на Лидс, но и поради присуството на Бјелса покрај аут-линијата. Тој е единствен во фудбалскиот свет автентичен тренер со кого имав прилика да разговарам и слушнав мал милион добри приказни за него од повеќе играчи“, истакна Гвардиола.

Искусниот стратег дополнително ги освои симпатиите на навивачите на Лидс по вчерашаната победа над Дерби. Бјелса излезе од автомобилот за да се поздрави со хендикепираниот фан на Лидс, а со спомен-фотка уште повеќе ѝ го разубави денот на навивачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести