Пепе Реина се враќа во Премиер лигата

Астон вила е блиску до постигнување договор со Милан околу услугите на искусниот голман Пепе Реина. Шпанецот ќе брани за премиерлигашот до крајот на сезоната, а соработката може да се продолжи на уште една дополнителна година.

Милан многу веројатно ќе го раскине договорот со Реина откако сезонава запиша само еден настап за Росонерите со цел шпанскиот чувар на мрежата да може како слободен играч да потпише со Вила. Тој доаѓа како решение за отсуството на Том Хитон, кој се здоби со тешка повреда и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Реина мина девет години на Островот како член на Ливерпул, додека кариерата ја започна во Барселона, а бранеше уште за Вилјареал, Баерн Минхен и Наполи пред да се пресели на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести