Пепе со крвнички старт потсети на старите денови (Видео)

На својот прв настап во дресот на Порто од 2007 година наваму, на мечот од Купот против Леишоеш, португалскиот репрезентативец Пепе се „прослави“ со душмански старт, за којшто доби само жолт картон, а среќа е што противничкиот играч мина без потешка повреда.

Второто деби за Порто на ветеранот беше тешко, но фавориот го доби дуелот со 2-1 по продолженијата.

Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид во најголем дел од кариерата беше познат по острите стартови, но последните години делуваше посмирено, немаше толку прекршоци и црвени картони. Сепак, со фаулот на дуелот од четврт-финалето на Купот на Португалија, можеби најавува дека повторно ќе биде оној стариот.

Погледнете го фаулот на 35-годишниот Пепе над Педро Енрике:

https://www.youtube.com/watch?v=Spa2aB4kLII

- Оглас -

Најнови вести