Пер збесна: Отвореното првенство на Австралија е ср*ње, нè третираат како идиоти

Беноа Пер збесна и упати многу сериозни критики за организаторите на Отвореното првенство на Австралија во тенис откако испадна веднаш на стартот од турнирот.

Загуби од Егор Герасимов и потоа ги нападна организаторите на првиот гренслем во сезоната.

„Турнирот е ср*ње и организацијата е многу лоша. Ги интересираат само парите, а нас тенисерите нè третираат како идиоти. Беше ветено дека ќе можеме да тренираме додека сме во карантин, а јас не мрднав од соба, затворен две недели. И сето тоа поради човек кој имаше позитивен тест на корона-вирус, а воопшто и не патуваше со нас. Ваков турнир од највисок ранг треба да биде уживање, но овде сега не е така“, изјави Пер.

Пер, кој е подоброрангиран од Герасимов загуби со 2:6, 6:2, 6:7, 5:7 и по долгиот престој во Мелбурн, може да си замине дома.

Австралија прифати да организира престој на околу 1.200 луѓе, меѓу нив тенисери, тенисерки, членови на стручен штаб кои стигнаа во Мелбурн со 15 посебни авионски летови за да се организира турнирот во услови на ковид-19.

Тенисерите и тенисерките беа принудени да бидат во изолација 14 дена поради неколку случаи со позитивни тестови на корона-вирусот на луѓе што не се директно поврзани со турнирот.

Дури половина од нив беа во карантин поради случајот со позитивен тест на ковид-19 на вработен во хотелот во кој беа сместени играчите.

 

- Оглас -

Најнови вести