Перес: Или ќе има Суперлига, или ќе преживеат само клубовите чии газди се шеици и олигарси

Претседателот на Реал Мадрид и на таканаречената Супер Лига која е пред целосен пропаст, Флорентино Перес, во интервју за шпанскиот спортски весник „Ас“, даде интервју во кое инсистира на тоа дека новото натпреварување независно од УЕФА е неопходно. Перес е творец на проектот и тврди дека клубовите не може да излезат од Супер лигата.

„Тие сега се под притисок и говорат дека излегуваат, но тоа не е вистина. Овој проект или сличен на него, наскоро ќе почне. За само три месеци од првиот бран на пандемијата, клубовите од Супер лигата, во минатата сезона загубија 650 милиони евра. Сезонава загубите се од 2 до 2,5 милијарди евра. Бордо банкротираше. Ако нешто не се смени, ќе преживеат само клубови чии газди се олигарси, шеици или ако држава стои зад нив. Не смееме да чекаме до 2024 година, мора нешто веднаш да се смени“ – вели Перес кој не се плаши дека сега УЕФА може да има одмазднички однос кон 13-кратниот европски првак.

Претседателот на УЕФА, Чеферин, порача дека клубовите кои инсистираат на останување во Супер Лигата, нема да добијат дозвола да играат во европските купови во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести