Перес ја „отвори душата“ за случајот Мбапе во Реал

Реал Мадрид имаше фантастична сезона доведувајќи ги трофеите од шпанското првенство и Лигата на шампионите во витрините на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, на крајот од сезоната, навивачите на Реал, но и челниците на клубот беа разочарани затоа што им пропадна договорот со Килијан Мбапе.

Речиси беше сигурно дека Мбапе како слободен играч летово ќе се пресели меѓу Кралевите, но тоа не се случи. Францускиот репрезентативец на крајот реши да остане во Пари Сен Жермен до 2025 година.

Претседателот на Реал, Флорентино Перес, прв пат јавно зборуваше околу тоа што се случи со трансферот на Мбапе.

„Претседтелот на Франција, Емануел Макрон му се јавил на Килијан и му рекол дека треба да остане во ПСЖ. Тоа едноставно нема смисла. ПСЖ му понуди да биде лидер на новиот проект и тоа ги промени сите работи. Едноставно за мене тој веќе не беше истиот Мбапе кој сакавме да го доведеме. Кај нас никој не е поголем од Реал Мадрид и тоа нема никогаш да се промени“, објаснува Перес.

Иако Мбапе не дојде во Реал, Перес вели дека не се чувстува како издаден од фудбалерот.

„Мбапе не ме издаде. Тој многу пати ми имаше речено дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид. Сепак, сето тоа се промени за 15-тина дена, и тоа поради политички-финансиски притисок. Неговиот сон едноставно мораше да се промени. Приказната меѓу Реал и Мбапе не е готова засекогаш. Сè може да се смени за три години, но не го сакаме сега овој Мбапе. Оној со кој претходно разговарав не е ист со овој што е сега. Го сакам оној вистинскиот Мбапе“, беше заклучокот на првиот човек на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести