Перес на ѕвездената ноќ за Реал ги реши сите дилеми околу Модриќ: „Мислам дека …“

Финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд беше последниот натпревар во клупската кариера за Тони Крос. Тој во 85-тата минута беше заменет со Лука Модриќ, хрватот на кого веќе му завршува договорот со Реал Мадрид.

Сепак, претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перес, во кус коментар после освојувањето на Лигата на шампионите ја најави разврската околу судбината на Лука Модриќ.

„Мислам дека Лука останува со нас. Ќе го продолжиме договорот за уште една сезона.“ – најави Флорентино Перес.

Хрватот веќе 12 сезони е дел од Реал Мадрид, откако во 2012-тата направи трансфер од Тотенхем на „Сантијаго Бернабе“ за 35 милиони евра. Лука Модриќ во дресот на „кралевите“ освои 26 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести