Перес е првиот заразен возач со корона-вирусот, нема да вози на „Силверстоун“

Серхио Перес, возачот на Рејсинг поинт, е позитивен на корона-вирусот и нема да учествува на следната трка за Големата награда на Велика Британија. Првиот тест на мексиканскиот возач бил со нејасни резултати, па морал повторно да оди на тестирање.

Вториот тест покажал дека Перес е позитивен на опасниот вирус и автоматски нема да може да учествува на следната трка на патеката на „Силверстоун“. Возачот е испратен во самоизолација, каде што ќе се следи неговата состојба. Засега тој е во добра здравствена состојба.

Од клубот на Рејсинг Поинт најавија дека денеска ќе потврдат кој ќе биде возачот што ќе го замени Перес на неделната трка. Се очекува во болидот да влезе Ленс Строл, но можно е да му се даде шанса и на Нико Хилкенберг.

Според најавите, можно е Перес да ја пропушти и следната трка на „Силверстоун“ која ќе се вози на 9 август, но постои опција да го нема меѓу возачите и на трката за Големата награда на Каталонија која ќе се вози на 16 август.

 

- Оглас -

Најнови вести