Перез има пеколен план и ако му се реализира, Реал Мадрид од 2024 година ќе биде непобедлив

Шпанскиот спортски весник „Ас“ дојде до проектот „Реал Мадрид 2024“ кој претседателот Флорентинот Перез веќе неколку преодни рокови работи на него, а кулминацијата треба да биде за две години.

Перез изминатите неколку години, односно од заминувањето на Кристијано Роналдо во 2018 година, внимателно ги избира новите играчи кои се млади и треба во наредната деценија да го носат Кралскиот дрес, и притоа не се расфрла со пари.

Така беа купени Камавинга, Чуамени, Винисиус жуниор, Родриго, Менди, а кулминацијата треба да бидат трансферите на Џад Белингам и на Ерлинг Халанд кои Перез би ги чинеле повеќе од половина милијарда евра сосе платите за фудбалерите.

Според „Ас“, Перез по завршување на сезоната ќе им се заблагодари на ветераните Лука Модриќ и Тони Крос, но веќе има обезбедно замена за нив во Чуамени и Камавинга, а нова ѕвезда во средниот ред треба да биде Белингам за кого ќе мора да издвои најмалку 120 милиони евра.

Нов предводник на нападот би требало да биде Ерлинг Халанд кој би го заменил Карим Бензема, а тука е и младата бразилска сензација Ендрик кој неодамна беше купен и на тимот ќе му се приклучи кога ќе наполни 18 години.

Идејата на Перез е од 2024 година првата постава на Реал Мадрид да биде: Куртоа, Алаба, Ридигер, Милитао, Винисиус Тобас, Чуамени, Камавинга, Белингам, Винисиус Жуниор, Валверде (Ендрик) и Халанд.

- Оглас -

Најнови вести