12.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Перфектно одиграни типстерски со одлично одбрана вкупна квота

По неколку типстерски совети кога еден гол спречуваше да не бидат перфектни со сите погодоци, вчерашните предлози се добитни. Понудените пет пара за неделните мечеви беа одлично одиграни, па вкупниот коефицинет кој можеше да го добиете е 21.69, и тоа од четири меча затоа што дуелот Бешикташ – Анталијаспор не се одигра поради бомбашкиот напад во Истанбул, па на таа средба квотата е „еден“. Засега нема информации кога ќе се одигра овој натпревар.

Од мечевите кои се одиграа и беа погодени, Манчестер јунајтед со 2:1 победи на гости кај Фулам, а на полувремето беше 1:0 за гостите. Комбинацијата за овој меч беше 1-3 голови во прво и 1-3 погодоци во второ полувреме, како што и беше.

Динамо немаше никакви проблеми на гости кај Риека и победи со убедливи 7:2, во меч на кој Модрите водеа со 4:0 на полувреме, па лесно излезе комбинацијата „два во два“.

Генк продолжи со одличните резултати во Белгија и со 2:0 победи на гостувањето кај Андерлехт, а тука играта беше Х2&0-3 гола, што вредеше квота од 2.17, а беше лесно остварлива.

Последниот добитен пар е мечот меѓу Фамаликано и Спортинг Лисабон, на кој комбинацијата беше да биде ГГ3+, а на крајот фаворизираниот гостин славеше со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести