Во Истанбул нема да се игра фудбал денеска поради бомбашкиот напад во кој има и жртви

Фудбалската федерација на Турција го одложи натпреварот меѓу Бешикташ и Анталијаспорт што требаше да се игра денеска на „Водафон Арената“ во рамки на 14-то коло во Супер лигата бидејќи во Истанбул се случи бомбашки напад во кој има човечки жртви.

Имено, на улицата Такси Истиклал во реонот што се наоѓа во близина на стадионот одекнала експлозија по што полицискит сили го затворија реонот кој е еден од најпрометните во Истанбул. Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја објави дека има жртви и повредени лица.

Турската фудбалска федерација првично соопшти дека натпреварот меѓу Бешикташ и Анталијаспор е одложен за подоцна, но потоа е одлучено средбата да не се игра денеска бидејќи турската полиција веќе започнала потрага по можните терористи кои ја предизвикале експлозијата.

Полицијата исто така безбедно ги извлекле навивачите кои пристигнале на „Водафон Арената“

- Оглас -

Најнови вести