Перо Антиќ е нов претседател на Кошаркарската федерација!

Перо Антиќ едногласно е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација. На Изборното собрание имаше само една кандидатура, таа на Антиќ, кој доби четиригодишен мандат. Составот на Управниот одбор ќе биде познат за 15 дена.

Претходно имаше несогласување околу изгледот на дневниот ред. Наумоски предложи изборот за претседател да биде дури десетта точка. Околу записниците за претходните дописни собранија и извештајот за 2018 година никој не сакаше да гласа (се констатираше дека сите се воздржани), па Наумоски влезе во вербален конфликт со „опозицијата“, но состанокот продолжи да тече.

Финансискиот извештај за 2018 година не беше прифатен, а потоа се премина на гласање за промена на името на Федерацијата. Предлогот беше МКФ да се прекрсти во Кошаркарска федерација на Северна Македонија и оваа препорака на Олимпискиот комитет беше прифатена.

Од 29 членки со право на глас, присутни беа 26, а според верификациската комисија, спорни беа две членки.

- Оглас -

Најнови вести