Пет натпревари со квоти помеѓу 1.95 и 2.55 се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life за сабота. Два меча се од англиската Премеир лига, додека по еден од Италија, Германија и Белгија. Вкупната квота на петте предлози е 57.3.
Ефикасен меч се очекува од екипите на Њукасл и Брајтон, а доколку домашните постигнат најмалку два гола, а и гостите успеат да погодат, тогаш квотата од 1.95 ќе биде добитна.
Понудената квота од 2.50 за мечот помеѓу Наполи и Болоња ќе биде добитна само ако домашните победат, но и ако во второто полувреме биде постигнат барем еден гол.
На дуелот помеѓу Нотингем форест и Челзи потребно е да има победник, но и двете екипи да бидат ефикасни за да биде добитна квотата од 2.25.
Очекувањата се дека Мајнц нема да загуби од Борусија Дортмунд, но и дека ќе постигне најмалку два гола. Доколку тоа се оствари, понудената квота од 2.05 ќе биде добитна.
Најголемата квота е за мечот помеѓу Андерлехт и Генк, 2.55, која ќе биде добитна само ако домашните постигнат најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.