Пет меча носат примамлива вкупна квота, се игра меч за спас во Германија

Петте меча во Квотите на денот носат одличен вкупен коефициент од 63.36 доколу решите да ги одиграте сите заедно на еден тикет.

ГАИС гостува кај Сундсвал и е фаворит за победа, па за да биде „двојка“ во меч на којшто ќе има барем еден гол во првото полувреме, квотата е 2.55.

Алмере и Емен треба да одиграат натпревар со погодоци во двете полувремиња, па тука треба да биде добитна популарната игра да има 1-3 погодоци во двете полувремиња, што носи квота од 2.10.

Арминија Билефелд дома игра против Вехен во меч за опстанок во Цвајте во Германија. Домаќините се фаворити, па може да се одигра на голови. Арминија да даде барем еден гол во прво полувреме, а на крајот да има барем два погодока во мрежата на гостите носи квота од 2.45.

Во Либертадорес купот, Атлетико Параненсе не треба да загуби на свој терен во дуелот против Либертад, а домаќините треба да постигнат барем два погодока за да биде добитна квотата од 2.10.

Во дуел на некогашните шампиони од Јужна Америка, Бока јуниорс е домаќин на Коло Коло. Тука се очекува триумф на аргентинскиот гигант, и тоа барем со еден погодок во првото полувреме, што носи коефициент од 2.30.

- Оглас -

Најнови вести