Во кошаркарската Евролига вечерва се играат пет натпревари, а според квотите во Sport Life, на сите пет меча фаворити на хартија се домашните екипи.
Во Монако гостува Парис баскет и тоа е француско дерби во кое ќе настапи Американецот со македонски пасош, Ти Џеј Шортс.
Ненад Димитријевиќ со Армани Милано го пречекува Анадолу Ефес во можеби најнеизвесниот дуел на којшто е најтешко да се погоди победникот.
Реал Мадрид е фаворит, но нема да има лесна задача против Црвена ѕвезда, Басконија би требало да ја победи Алба Берлин, додека во Каунас се игра евролигашка „класика“ помеѓу старите ривали Жалгирис и Макаби Тел Авив.
Има голем број кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе дадат, колку скокови ќе имаат и колку асистенции ќе додадат. Шортс го има на трите листи, додека за Димитријевиќ може да погодувате колку поени ќе даде и колку асистенции ќе има против Ефес.