3.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Пет второлигашки натпревари наместо утре, ќе се играат на пролет

Пет второлигашки натпревари од 15-тото првенствено коло наместо утре, ќе се одиграат на пролет. Терените се во катастрофална состојба во повеќе делови од Македонија, па во Големо Коњари, Радовиш, Виница, Гевгелија и Кочани нема услови за одигрување на натпреварите.

Дождот кој интензивно врне изминатите неколку денови ги поплави споменатите терени, па натпреварувачката комиија при ФФМ одлучи овие пет меча да ги презакаже за на 14-ти февруари.

Неизвесно е одигрувањето и на останатите натпревари од Втората лига, но и на двата прволигашки натпревари кои се планирани за утре, откако денес имавме можност да гледаме вистинско ватерполо во Кратово, на мечот помеѓу Силекс и Арсими (1-3).

- Оглас -

Најнови вести