Петања плати 500 евра за поздрав од Родман, но ексѕвездата на Чикаго се избламира (видео)

Андреа Петања,н фудбалерот на СПАЛ, се пофали на „Инстаграм“ дека добил видеопоздрав од Денис Родман, поранешнта ѕвезда на Чикаго булс. Сепак, Родман успеа да се избламира затоа што мислеше дека се обраќа на жена по име Андреа.

Во видеото Родман го поздравува Петања и неколку пати го истакна неговиот прекар „Булдожер“, меѓутоа моментот кога Денис не знаеше воопшто кому му се обраќа, ја спомна својата 19-годишна ќерка Тринити, моментално млада репрезентативка на САД, по што му порача на играчот на СПАЛ дека еден ден ќе се соочи со неа на терен да му покаже колку е талентирана.

Инаку, италијанските медиуми открија дека за поздравот од некогашната ѕвезда на Чикаго, Петања платил 500 евра.

https://www.instagram.com/p/CA-Gm6KC-nX/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести