Петарда за надеж на Штутгарт

Штутгарт направи значаен чекор во битката за опстанок со блескава победа од 5:1 против еден од директните конкуренти Хановер.

Ветеранот Марио Гомез со гол во четвртата минута најави триумф на домаќините, а со по два гола го крунисааКабак и Зубер.

Џонатас беше стрелец за Хановер, екипа која има три порази по ред и пред испаѓање од Бундеслигата со само 14 бодови на 10 кола до крајот. Штутгарт со трите бода остана во опасната зона, но му се доближи на Аугсбург на само два бода.

- Оглас -

Најнови вести