Петр Чех летово се враќа во Челзи!

Чешкиот голман Петр Чех, кој летово ќе ја заврши кариерата, се враќа во Челзи и од следната сезона ќе биде спортски директор на „сините“. Чех цели 11 сезони, од 2004 до 2015 година, стоеше на голот на Челзи, а потоа премина во лондонскиот ривал Арсенал.

Сепак, 36-годишниот голман, кој на 29 мај, во финалето на Лигата на Европа токму против Челзи ќе го има последниот меч во кариерата, се враќа во Челзи откако ја прифатил понудата да биде директор на тој клуб. Челзи нема технички директор од ноември 2017, па Чех ќе има функција во која засега не се знае кои ќе му бидат задолженијата. Се најавува дека клубот наскоро ќе ги врати и Џон Тери и Френк Лампард.

- Оглас -

Најнови вести