Петто финале во ЛШ за Минхен – На „Алијанц арената“ ќе се игра за пехар во 2022 година

Минхен ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2022 година, а мечот за највредниот клупски пехар во Европа ќе се игра на „Алијанц арената“.

И тоа точно по 10 години откако Баерн не успеа во финалето да биде поуспешен од Челзи и падна на пенали.

Минхен по петти пат ќе биде домаќин на финалето во КЕШ, или ЛШ и е меѓу рекордерите по бројот на организирани мечеви за пехарот во луксузното натпреварување.

Годинава, на 30 мај Истанбул ќе биде домаќин на двете најуспешни екипи во Лигата на шампионите, следната година за вредната титула ќе се игра во Санкт Петербург, а потоа на ред доаѓа Минхен.

- Оглас -

Најнови вести