Пиењето вотка било тајната зошто само во Белорусија се игра фудбал во Европа!?

Пандемијата од Коронавирусот го сопре фудбалот во 54 од 55-те земји членки на УЕФА, а Белорусија е единствената земја во која се игра најважната споредна работа во светот. Во Белорусија не само што се игра фудбал, туку на трибините има и навивачи.

„Имаше неколку илјади гледачи на нашиот меч. Луѓето не се плашат, во државата ситуацијата е стабилна. Засега има само 69 заразени од Коронавирусот“, открива хрватскиот интернационалец од редовите на Динамо Минск, Карло Бручиќ, во изјава за РТЛ вести.

Динамо на свој терен загуби од Рух Брест со 1:0, а во изминативе три дена се одиграа вкупно шест меча во Белорусија.

Бручиќ открива дека воопшто не се размислува да се прекине првенството, а претседателот на клубот ги советувал да пијат вотка за да се заштитат од Коронавирусот.

„Првенството нема да се одложи. Дури ни вметнаа уште едно коло во времето кога требаше да има пауза за репрезентативни обврски. Нормално тренираме во базата. Секој ден се собираме 30-тина фудбалери за кои не знам кој каде се движи и постојано во потсвест ми е дали може да се заразам. Претседателот на клубот ни рече дека секој ден треба да пиеме по едн ачашка вотка и да одиме во сауна, затоа што тоа помага против Коронавирусот“, открива Бручиќ за тоа како се справуваат во Белорусија со пандемијата од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести