Пијан судија паѓаше на мраз за време на хокеарски натпревар (Видео)

За време на хокеарски натпревар од руската детска лига се случи голем скандал бидејќи дуелот го судеше 19-годишен судија кој беше „мртов“ пијан.

Судијата под дејство на алкохол судел две третини. Се појави и снимка на која се гледа како судијата има проблем со лизгањето и рамнотежата и неколку пати паѓа на мразот.

Овој судија веројатно никогаш веќе нема да суди хокеарски меч, а причина за неодговорното однесување била кавга со неговата девојка, па решил утеха да побара во вотката.

- Оглас -

Најнови вести