Пијаниот Гронковски се заборави при прославата (Видео)

НФЛ-ѕвездата Роб Гронковски на прославата на Њу Ингланд пејтриотс по повод освоениот Супербол беше многу пијан и во одредени моменти не се контролираше, па почна да ја фаќа за гради девојка му Камил, која стоеше до него на горниот кат од отворениот автобус.

За време на парадата низ улиците на Бостон, „патриотите“ беа во славеничко расположение, а предничеше 29-годишниот Гронковски, кој се соблече и беше гол од половината нагоре. Трикратниот освојувач на титулата во НФЛ-лигата имаше среќа што времето беше необично топло и сончево. Додека другите пиеја пиво, Гринковски во рацете имаше литарско шише вино.

Сеирџиите би рекле дека фаќачот на Пејтриотс, кој е навикнат да ги фаќа додавањата од Том Брејди, овојпат јавно ги фати градите на девојка му. Погледнете го потегот на Гронковски кој е главна вест од славеничката парада на која присуствваа над 1 милион луѓе:

https://twitter.com/i/status/1092834287378972672

- Оглас -

Најнови вести