Пике се однесува како тинејџер, успеа да ја изневери и новата девојка

Откако се раздели со колумбиската пејачка Шакира, која неодамна му посвети песна со која го прозива дека „Ферари заменил со Твинго“, Жарат Пике се однесува како тинејџер и според шпанските медиуми, веќе ја изневерил и новата девојка Клара Чија Марти.

Медиумите пишуваат дека Клара пред неколку дена ја напуштила куќата на Пике и се вратила да живее со родителите.

Иако првично се шпекулираше дека таа си заминала поради преголемиот притисок откако Шакира ја објави песната со која го напаѓа Пике, медиумите сега тврдат дека Клара си заминала бидејќи поранешниот фудбалер на Барселона и бил неверен.

Имено, Пике ја измамил Клара со младата адвокатка Јулија Пуџ, која била дел од адвокатскиот тим на фудбалерот за време на разделбата со Шакира.

Интересно е што Јулија е роднина на Рики Пуџ, актуелниот фудбалер на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести