Пикфорд зад себе остави голмански легенди како Буфон, Ван дер Сар…

Англија е дел од полуфиналето на Европското првенство, а секако еден од најзаслужните за овој успех е голманот Џордан Пикфорд. Чуварот на мрежата на Англија на овој турнир во пет меча прими три гола, а имаше голем број одбрани.

Пикфорд и на претходното ЕП беше прв голман на Англија и ако се собере неговиот ефект, може да се пофали со 85 отсто успешност на одбранети удари. Од голманите кои имале барем 10 натпревари на континенталните собири, Пикфорд е втор на сите времиња.

Пред него единствено е Икер Касилјас, кој има 87 отсто на одбранети удари, додека легенди како Џанлуиџи Буфон и Едвин ван дер Сар се зад Пикфорд. Буфон има 81 отсто на одбранети удари, а Ван дер Сар е со 80 отсто одбранети удари. Во Топ 5 има место и за Андреас Исаксон од Шведска со ефект од 78 отсто одбранети удари.

Англија во полуфиналето утре ќе игра против Холандија.

- Оглас -

Најнови вести