Пикси имаше порака за швајцарскиот капитен Џака и совет за српските фудбалери

Србија на стадионот „Дубочица“ во Лесковац ќе игра против Швајцарија во меч од Лигата на нации, а во центарот на вниманието е капитенот на гостите, Гранит Џака. Швајцарецот со албански корени ја предводеше својата репрезентација до две победи над Србија на Светските првенства во 2018 и 2022 година (3:2 и 2:1). на тие два меча, Џака влегуваше во конфликт со српските фудбалери, па такво се предвидува и на дуелот во Лесковац, но селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, ја смирува ситуацијата.

„Џака е еден од најдобрите фудбалери во Европа. Апсолутно нема никаква потреба за какви било провокации, ниту од наша, ниту од негова страна. ова е само фудбалски меч и мислам нема потреба да дојде до нешто несакано. На играчите им реков да се фокусираат максимално на играта, на тоа што треба да го правиме на теренот и да биде апсолутно ферплеј. Тоа што ме загрижува е дека Џака е голем играч и мораме да бидеме внимателни ако сакаме да го сопреме, затоа што тој е алфа и омега во швајцарската селекција. Ако успееме да го неутрализираме, имаме поголеми шанси да стигнеме до посакуваниот резултат“, рече селекторот на Србија, во пресрет на дуелот во Лесковац.

Непосредно пред гостувањето на Швајцарија во Србија, братот на Гранит, Таулант Џака побара неговиот помал брат да не патува на ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести