Пикси: Шокиран сум!

Српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси по поразот од Бразил, рече дека е шокиран од падот на физички план кој го имал неговиот тим во второто полувреме.

„Причина за доминацијата на Бразил е нешто изненадувачко за мене, а тоа е нашиот пад во физичка смисла. Тотално паднавме во вториот дел, да не кажам бевме катастрофални во тој дел, не можев да си ја препознаам екипата. Првото полувреме беше солидно, се обидувавме со пас игра да му парираме на Бразил и добро изгледаше тоа, мислев дека можеме исто и во второто полувреме, верував дека можеме и гол да дадеме. Но, баш сум шокиран од физичкиот пад“, беше првата реакција на Пикси после поразот во дербито.

Стојковиќ верува дека ќе бидат комплетни против Камерун, дека ќе игра и Костиќ, а Митровиќ и Влаховиќ ќе бидат целосно фит, па тимот ќе делува подобро.

- Оглас -

Најнови вести