Пиоли чека промоција во Милан

Стефано Пиоли чека на официјална промоција во Милан, откако Марко Џампаоло и официјално е сменет од тренерската позиција.

Раководството на Милан вечерва само ја потврди веќе донесената одлука да го смени тренерот што немаше успех на стартот од новата сезона, а го подготвува Пиоли за промоција.

„Марко Џампаоло  е сменет од тренерската позиција. Му посакуваме многу среќа и му благодариме за досегашниот ангажман во клубот“, соопштија Росонерите.

Џампаоло летово пристигна на кормилото на Милан од Сампдорија, а интересно е дека е сменет по победа. Во саботата Милан ја победи Џенова, но ниту тоа не беше доволно за опстанок на Џампаоло на клупата на гигантот.

Пиоли во април годинава си поднесе оставка како тренер на Фиорентина, а претходно беше стратег на Интер, Лацио, Болоња, Палермо и уште неколку италијански клубови.

- Оглас -

Најнови вести