Пиоли добива двојно освежување во тимот

Марио Манџукиќ и дефинитивно ќе биде новото засилување на Милан, откако клубот за утре закажа медицински прегледи по кои некогашниот голгетер на Јувентус, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ќе стави потпис на краткорочен договор.

Искусниот Хрват е без клуб уште од летото 2020 година откако ја раскина соработката со Ал-Духаил, по што времето го искористи чекајќи ја вистинската понуда. Таа дојде од Милано, па сега Манџукиќ со своето искуство ќе им помогне на Росонерите во трката за Скудетото.

Второто освежување на екипата на Стефано Пиоли ќе биде младиот стопер на Челзи, Фикајо Томори. Англискиот дефанзивец кој има 23 години оваа сезона падна во втор план кај менаџерот Френк Лампард поради зголемената конкуренција, но во ланското издание на Премиер лигата покажа дека има квалитет да игра за голем клуб.

Томори ќе биде позајмен на Росонерите до крајот на оваа сезона, а во договорот има опција за откупување на неговите услуги за сума од 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести