Пирова победа на Исланд против Бразил во спектакуларен меч со 78 гола

Исланд го победи Бразил со 41:37 во спектакуларен меч со 78 гола, но нема шанси за настап во четвртфиналето на Мудијалот што го организираат Полска и Шведска.

Исланѓаните направија голем пресврт во второто полувреме, откако во првиот дел постојано беа во негатива, најмногу со пет гола разлика.

Исланд ја заврши втората фаза на шампионатот со шест бода, колку што има и Унгарија.

Шведска веќе обезбеди настап во четвртфиналето, а вечерва и Португалија во дуелот со нив од 20.30 часот можат да им се приклучат, но најмалку со реми, или победа.

Турнирот заврши заа едден од домаќините, Полска, а го победија Иран со 26:22 и завршија на четвртото место во групата 1, во која Франција и Шпанија се четвртфиналисти, а во меѓусебен дуел вечерва од 21 часот ќе решаваат за победникот во групата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести