Пјаниќ повторно ќе носи црно-бел дрес

Миралем Пјаниќ е на пат за Истанбул, каде што вечерва треба и официјално да ги среди формалностите и кариерата да ја продолжи во дресот на Бешикташ. Босанскиот плејмејкер е играч на Барселона, но тренерот Роналд Куман не смета на него и Каталонците решија да го испратат Пјаниќ на позајмица.

Пјаниќ пред неколку дена објави една црно-бела фотографија и многумина помислија дека тој најавува враќање во Јувентус, а всушност го најавувал преминот во истанбулските Црно-бели, кои се актуелни шампиони на Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести