Актуелниот лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Оскар Пјастри, мисли дека Макс Ферстапен нема шанса да ја одбрани титулата од лани.
Лидерот кој победи на шест трки годинава вели дека Мекларен има најдобар болид и затоа како единствен ривал во битката за титулата го гледа тимскиот колега Ландо Норис.
Во моментов Пјастри има 266 бода, втор е Норис со 250, а Ферстапен е трет со 185. Засега во Мекларен нема тимски наредби, на двајцата пилоти им се дава слобода.
„Последните неколку викенди беа тесни меѓу мене и Ландо. Ландо и јас го имаме најдобриот автомобил, истиот е за двајцата. Имаме најдобар болид и кој ќе биде најдобар на крајот, мислам дека ќе се решава меѓу нас двајцата“, рече Австралиецот на прес-конференцијата на ФИА на „Хунгароринг“, каде што викендов се вози трката за Големата награда на Унгарија.
Во Sport Life уште може да се обложите на првак за 2025 година. Прв фаворит според квотите е Пјастри, но Норис не е толку далеку зад него. За Ферстапен квотата е дури 35.0 и само чудо може да го остави на тронот.