Пјонтек е феномен каков што Милан нема видено преку 20 години

Полјакот Кжиштоф Пјонтек продолжува да ги тресе противничките мрежи во Серија А. Играчот кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Џенова, во зимскиот преоден рок направи трансфер во Милан, а и во новиот дрес не сопре со погодување.

Пјонтек синоќа даде гол во победата на Милан против Емполи за сигурна победа од 3:0. Со овој погодок, Полјакот стигна до 18 погодоци во Серија А и е на еден погодок од водечкиот стрелец Кристијано Роналдо.

Пјонтек го одигра четвртиот меч за Милан во италјанското првенство и со голот против Емполи, стана првиот играч кој во последниве 20 години успеал да даде гол во сите четири меча по ред. Претходно вакво нешто му имало успеано на Оливер Бироф и тоа во септември и октомври во 1998 година. Тоа значи дека повеќе од 20 години се чекало да се повтори потфатот на германскиот напаѓач.

Што се однесува до нападот, Милан од декември 2012 година не успеал да даде барем по три гола на три првенствени меча по ред, како што е тоа сега случај. Тимот е многу посигурен и во одбраната. Трет меч во низа на домашен терен, „росонерите“ не примија гол. Такво нешто се нема случено од мај 2014 година, кога Милан на четири меча на „Сан Сиро“ немаше примено гол. Со ваква игра, Милан може да се надева дека ќе го задржи местото кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести