Пјонтек попусто пишуваше историја, Кремонезе и без победа има собрано шест бода

Салернитана и Кремонезе одиграа интересен 100-минутен меч од италијанската Серија А. Средбата заврши 2-2, па Кремонезе и после 13 кола нема победа, но има шест ремија, па со шесте бода, не е последен на табелата.

Домашните поведоа со 1-0 со гол на Кжиштоф Пјонтек после само 2 минути и 32 секунди игра, и тоа е најбрз прволигашки гол во клупската историја на Салернирана.

Гостите на 2-2 изедначија во 89-та минута, кога Даниел Чофани најпрвин утна пенал, па пеналот беше повторен, тој не го измами голманот ни од втор обид, но одбиената топка ја смести во мрежа.

- Оглас -

Најнови вести