Плачев од болка и ги молев докторите да ми ги исечат нозете

Габриел Батистута кој беше еден од најдобрите голгетери пред 20-тина години. Аргентинецот беше страв и трепет за противниците, а блескаше во дресот на Фиорентина. Сепак, од играњето фудбал, Батистута заработи многу повреди на нозете, а последиците ги чувствуваше дури по завршување на кариерата.

Силни болки во нозете со години чувствуваше Батистута, а Аргентинецот од мака дури барал и да му ги ампутираат нозете.

„Ја сакам оваа игра, тренинзите, тактиките и се што се случува на теренот. Сепак, низ кариерата, фудбалот остави и трага врз моето здравје. Давав повеќе отколку што телото може да ми издржи и затоа денеска ја плаќам цената за тоа. Знаев често и да плачам од болка. Пријателот лекар го молев да ми ги ампутира нозете, затоа што му велев дека тоа веќе не е живот.Чувствував болка, болка, и само многу болка. Имаше денови кога не ни можев да станам од креветот. Плачев и од бес, велејќи дека вака не можам да завршам. Бев тешко болен и затоа решив да одам на операција“, објаснува Батистута.

Легендарниот голгетер беше на операција која помина добро и сега се чекаат околу два месеци за да се види дали ќе се вратат болките или тие целосно ќе исчезнат.

Батистута кој сега има 50 години, кариерата ја заврши во 2005 година, а ќе остане запамтен дека има постигнато 24 голови за Фиорентина и 54 за аргентинската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести