„План Ц“ за Парижаните: Новиот спортски директор фатен на преговори со наследникот на Покетино

Управата на ПСЖ деноноќно работи да најде замена за Маурисио Покетино, а се чини дека ја најде во тренерот на Јувентус, Макс Алегри.

Италијанските медиуми ја употребија папарацо-фотографијата на која Алегри е во присуство на новиот спортски директор на Парижаните, Луис Кампос. Двајцата се пријатели веќе подолго време, а според информациите, оваа средба не била само пријателска.

Наводно, Алегри е кандидат за жешкото столче на Светците како трета опција, ако се знае дека преговорите со Зидан моментално се во застој, а Мурињо одби да ја напушти Рома.

Фотографијата датира од пред три викенди, кога Алегри и Кампос се сретнале во Монте Карло за време на трката во Формула 1 за Големата награда на Монако. Дали понудата била доволно привлечна за Алегри да се откаже од клупата на Јувентус, ќе покаже времето.

- Оглас -

Најнови вести