Планот на Челзи се знае, за петмина играчи подготвени се 215 милиони фунти

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели, подготви пакет од 200 милиони фунти за засилувања во летниот преоден рок, а веќе се знае и планот со пет имиња со кои англискиот премиерлигаш би си ги исполнил желбите и плановите за ова лето.

Примарна цел е да се ангажираат Матајс де Лихт, стоперот на Јувентус, и за него Челзи има план да понуди 60 милиони фунти и плус во пакет во Торино да замине италијанскиот репрезентативец Жоржињо.

Во Лондон би дошол уште еден стопер, а Челзи е заинтерсиран за Калиду Кулибали од Наполи и за него подготвена е понуда од 30 милиони фунти.

Интересно е што на листата на желби е и Стефан Савиќ од Атлетико Мадрид, кој исто така е стопер.

Тој е поевтин и е резервна варијанта, а би чинел 25 милиони фунти, плус во понудата е Емерсон, уште еден репрезентативец на Италија, кој би заминал во Атлетико Мадрид.

За Челзи е многу важно да го купи Рахим Стерлинг, а се надеваат дека понуда од 45 милиони фунти за Манчестер сити би била прифатлива.

Имаат уште едно офанзивно решение како засилување, а тоа е бразилецот Рафиња од Лидс, за кого би понудиле 55 милиони фунти, но тука проблем е што тој според англиските медиуми, не сака да остане во Премиер лигата, туку сака да игра за Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести