Пласманот на Светско првенство е успех, таму ќе нема неколку силни европски репрезентации

Иако за Македонија стана навика и нешто најнормално да се учествува на Европско и Светско првенство во ракомет, имаме децениски континуитет на настапи на големите натпреварувања, се виде дека не е лесно да се избори место на СП.

Баражот од квалификациите за СП не го минаа неколку силни репрезентации, како Србија, Црна Гора, Швајцарија, Фарски Острови, а за потценување не се ни БиХ, Грција, Словачка и некои други кои не се изборија за место меѓу 32-вете учеснички на СП.

Конкуренцијата е силна, Македонија и Италија се единствените европски селекции во третиот шешир, сите други тимови од Стариот континент се или носители или во вториот шешир.

Единствната шанса на Србите, кои ја намачија Шпанија во баражот, или на Црна Гора, која беше најдобра на последното ЕП од тие што извисија за СП, да се најдат на Мундијалот е добивање на последната вајлд-карта која ИХФ ќе ја додели пред ждрепката закажана за 28 мај.

- Оглас -

Најнови вести