Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, десеттина години се бореше против обвиненијата за корупција и затајување на данок, но на крајот со правосилна пресуда беше ослободен, а сите обвиненија против него беа отфрлени. Сега најавува противнапад.
„Бев Изненаден. Тоа се случи во ФИФА и тоа во текот на состанокот на Извршниот одбор, пред многу новинари. Беше чудно. ФИФА остро ме критикуваше, реакоа дека сум корумпиран, не ме сакаа за претседател. Се беше јасно уште од почетокот. Беше тоа десетгодишен пекол. Би бил првата корумпирана личност која би платила данок на мито. Не сум скршен човек. Живеам добар живот, моето семејство и пријателите ми помогнаа. Не станав претседател на ФИФА, но на кого му е грижа за тоа. Со мене беа 150 сојузи. Сакаа само да се решат од мене. Најтешко му беше на моето семејство, на моите внуки на учелиште им велеа ‘твојот дедо е корумпиран’. Ослободителната пресуда е комплетна. Веќе нема ниту трошка сомнеж. Лут сум им на тие кои ме повредија. Ќе се борам против неправдата. Сега започнува мојот противнапад.“ – рече Платини.

