Плишкова е женскиот Терминатор – Направи подвиг што не е лесен и за посилниот пол

Каролина Плишкова успеа да го добие тенискиот маратон во Штутгарт против Јулија Остапенко со 6:7, 6:4, 6:3 и во меч што траешемалку под два и пол часа успеа да си го израмни сопствениот рекорд со 21 ас.

Подвиг на кој можат да ѝ позавидат и доста претставници од посилниот пол бидејќи 21 поен директно од сервис е висок стандард во тенисот.

Интересно е што Плишкова е една од ретките тенисерки што била број 1 на ВТА-листата, а нема гренслем-титула. Најблиску беше во 2016 година на Отвореното првенство на САД, кога во финалето загуби со 1:2 во сетови од Анжелик Кербер.

Денеска победи тенисерка што има гренслем, Остапенко го освои Ролан Гарос во 2017 година, а и следната противничка Ешли Барти има ист учинок и славеше во Париз пред две години.

Барти моментно е најдоброрангираната тенисерка на светот и дуелот со Плишкова ќе биде дерби на четвртфиналната рунда на турнирот во Штутгарт.

 

- Оглас -

Најнови вести