25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

По 12 години освои нов НБА пехар со слатко постигнување што го има само уште еден човек

Ражон Рондо успеа по 12 години повторно да стаса до шампионскиот прстен во НБА лигата и од ноќеска е само вториот кошаркар што успеал да биде првак и со Бостон селтикс и со Лос Анџелес лејкерс.

Бекот на Езерџиите, беше шампион со Бостон во 2008 година и тоа до ноќеска му беше и единствената титула во НБА лигата.

Лос Анџелес лејкерс во шесттиот меч од финалето против Мајами славеше со 106:93 и со вкупен резултат од 4:2 во победи ја освои круната.

Со тоа Лејкерс се израмнија со Бостон на врвот на вечната листа НБА шампиони со по 17 титули, а Рондо му се приклучи на Клајд Ловелет.

Кошаркар што има една титула со Минеаполис лејкерс, во 1953/54 кога тимот се уште не беше преселен во Лос Анџелес и со Бостон селтикс двапати по ред, во сезоните 1962/63 и 1963/64.

 

- Оглас -

Најнови вести