По 12 години, Томпсон не беше стартер, а кога влезе од клупата за резерви, го одигра мечот на сезоната (Видео)

Голден стејт победи на гостувањето кај Јута џез со 140:137 во меч на кој во главна улога беше Клеј Томпсон. Томпсон, кој е ѕвездата на Воините, беше шокиран кога разбра дека нема да биде стартер на мечот, што му се случува првпат по пауза од 12 години.

Од сезоната 2011/12, која беше дебитантска за Томпсон, овој играч постојано имал загарантирано место во стартниот тим, и тоа на 727 меча по ред, сè до гостувањето кај Јута. Оваа одлука на тренерот Стив Кер, Томпсон да биде резерва, се покажа како вистински потег затоа што кога ѕвездата се појави на теренот и едноставно блесна.

Шутерот на Голден стејт го одигра најдобриот меч сезонава и на крајот само за 28 минути поминати на теренот, постигна 35 поени, од кои седум погодени тројки само од 13 обиди. На крајот токму Томпсон беше најзаслужен за јубилејната 500 победа на Кер како тренер на Воините.

https://twitter.com/i/status/1758353679998984476

Милвоки бакс е во лоша серија и го загуби седмиот меч во последните 10 средби. Овојпат подобри од Бакси беа Мемфис гризлис, кои славеа со 113:110. Најубедлива победа оствари Минесота, и тоа на гости кај Портланд со 128:91.

- Оглас -

Најнови вести